Настапите на Сашко Коцев, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, како и специјално гостување на Тамара Тодевска ќе го одбележат 14 февруари во Македонскиот народен театар, каде што е закажана „Ноќ со ѕвездите“, чиј почеток е во 21 часот.
„Прво виновата лоза ќе ја закрои со вистината Сашко Коцев, затоа што во виното е вистината, а потоа повторно ќе се вљубите во вашите сакани со стиховите на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и концертот на единствената Тамара Тодевска. Дојдете да си кажеме колку се сакаме“, велат од МНТ.
Билетите се во продажба – партер и галерии чинат 1.200 денари, а ложа 2.000 денари.