Во пресрет на Св. Трипун во Виница дегустација на вино и ракија

Со дегустација на вино и ракија започна одбележувањето на традиционалната лозароовоштарска вечер во Виница. Без малку, четири децении лозароовоштарите производите од казаните преточени во вино и ракија ги тестираат за да се знае колку го искусиле својот занает.
„Се тестираше мирисот, бојата, вкусот, а дегустацијата е процес на утврдување во кое вино или ракија едноставно ќе пиете и ќе уживате“ – вели Дејан Донев, вински советник.
Инаку, лозароовоштарството во Виница зема значаен подем, а за тоа сведочат подигнатите површини под лозја и овошки, распространети на над 600 хектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *