Македонците просечно годишно пијат по 2,2 литри вино

Еден Македонец во просек годишно пие по 2,2 литри вино и 0,9 литри ракија,за едно литро помалку од лани -покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика.
Оттаму пресметуваат дека е зголемен бројот на засадени лозови насади и прометот на вино, но намален е бројот на производство на вино во домашни услови.

Според професорот Михаил Петков од факулететот за земјоделски науки, Македонија е земја каде се произведува квалитетноп вино, кое од година во година се подобро, но завршува на странските трпези.

„Неколку години наназад мислам дека се подобрува и консумацијата на вино во рамките на нашата држава каде што луѓето се повеќе информирани, односно таа винска култура е на малку повисоко ниво. Винарските визби и сите здруженија во Република Македонија како држава имаат концепт да сè повеќе се извезува вино со повисок квалитет. Поквалитетното вино е поскапо и најголемиот дел од виното, од она што се произведува, некаде околу 80 проценти од произведеното вино на годишно ниво се извезува“ – изјави Михаил Петков од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Македонија има богата винска историја. Во нашата земја 77-те винарии произведуваат 78,5 милиони литри вино на точење и 28,05 милиони литри во шишиња, кое најмногу се извезува во Кина, Русија, САД и Австралија, а вкупната вредност на извозот на вино изнесува 47,7 милиони евра. Граѓаните со поделени мислења они кои конзумираат вино велат Македонија има квалитет меѓутоа џебот не дозволува секому да си го дозволи ова задоволство.

Македонското грозје и вино имаат квалитет, но не и добра откупна цена. Дел од Лозарите сеуште ги чекаат неисплатени пари за грозјето од претходната година но се подготвуваат според традицијата да го дочекаат својот заштитник Св Трифун да им донесе добар род и даим се изплати трудот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *