Состојки:
2 кг. говедско месо (бут)
500 гр. лук
500 гр. моркови
125 гр. масло
сол
црн пипер
магдонос
1 филџан коњак
1 коцка телешка супа
2 чаши бело вино
1 лажиче шеќер
ловоров лист
1 лажица брашно
За маринирање:
2 моркови
1 кромид
целер
магдонос
рен
ким
1 чаша бело вино
1 лажица вегета
Подготовка:
Состојките за маринирање измешајте ги во сад, без вегетата и кимот. Потоа добиената смеса ставете ја на месото и оставете го да се маринира 24 часа. Откако ќе поминат 24 часа исцедете го месото и малку пропржете го со масло. Кога ќе биде готово извадете го месото во чинја, прелијте го со коњакот запалете го. Оставете го така додека коњакот гори.
Кога ќе престане пламенот, месото повторно ставете го во маслото каде што се пржело, додајте ја говедската коцка, 1 чаша бело вино, ловоров лист, црн бибер, ставете капак и оставете го на шпоретот да се крчка 30 минути на ниска температура.
По 30 минути додајте ги исечканите моркови, лукот, шеќерот, сол по вкус, и ако е потребно уште една чаша говедска супа (коцка). Оставете го месото на шпоретот се додека не се свари убаво.
Кога ќе биде сварено месото, разбијте го брашното во преостанатото вино, додадете ја вегетата, кимот и магдоносот и ставете го во садот кај месото.
На здравје!