Хрватска: Нема бариери за увоз на македонското вино

Не сме вовеле нетарифни бариери за увоз на македонските вина и нема потреба од воведување на контрамерки за хрватските производи, велат за телевизија 24 од хрватската амбасада во Македонија. Тврдат дека новиот Правилник еднаков третман на пуштање во промет и на хрватските и на увозните наливни вина од било која земја.

„На средбата на амбасадорот Данијела Баришиќ и министерот Михаил Цветков, министерот се согласи дека увозните постапки треба да се почитуваат, но тој апелира за скратување на рокот. Меѓутоа, повторуваме дека условите се еднакви за сите, независно од земјата на извоз.“ – велат од Хрватската амбасада.

Македонското министерство за земјоделство сеуште чека повратен одговор за средба со хрватскиот министер за земјоделство.

Од министерството за земјоделство велат дека ќе се обидат да ги убедат хрватските власти да го повлечат новиот правилник, односно да ги вратат старите одредби за увоз на вино од трети земји меѓу кои е и Македонија. Остануваат на ставот дека доколку нема слух од хрватската страна, Македонија ќе биде принудена да воведе контрамерки за увозот од Хрватска.

Во меѓувреме домашните винарските визби тврдат дека со новите правила хрватските власти си го штитат сопственото производство користејќи административни бариери.

„Со тој правилник тие не ни ги признаваат нашите инстиуции, ниту нашите документите кои се признаени во целиот свет.“ – вели Јордан Трајков од винарската визба „Попова кула“

Со новите правила се зголемуваа трошоците за застапниците за вино во Хрватска, што ги прави неконконкурентни македонските вина на хрватскиот пазар. Дел од винариите токму поради новите првила, веќе ги намалиле количините за извоз на вино во Хрватска.

„Споредбено со минатата година, 50% ние намален изводот за периодот декември – јануари Во тој период, виното не се пушта во промет и се плаќа лежарнина за тој промет со што се оптоварува и цената на самото вино“ – вели Јани Куќа, заменик извршен директор на винарската визба „Сковин“

Најзасегнати од новиот Правилник за увоз на вино од трети земји што го воведе Хрватска, се винарските визби кои извезуваат наливно вино. Хрватска е трета земја зад Германија и Србија каде Македонија извезува наливно вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *