Интервју со Тиквешки точакџии: Спремни сме за третата Алшар авантура

Кавадарци и Македонија воопшто, се подготвени за третото издание на најголемиот македонски аутдор фестивал, „Алшар – Допри го сонцето, откриј ја тајната за постанокот на светот“, кој овој викенд ќе се оддржи на планината Кожув. Откако уште во првата година се потврдија како фантастични организатори и домаќини, здружението Тиквешки точакџии кое стои зад целиот концепт и реализација на настанот, ги прави финалните подготовки за Алшар 2и18, а што се ќе донесе истото, дознајте во интервјуто со најмасовното и најспортско граѓанско движење кое му се случило на Кавадараци.

www.kavadar4e.com: До каде се подготовките за годинешното издание на Алшар?
Тиквешки точакџии: Подготовките за третиот по ред АлШар течат неколку месеци и се веќе во завршна фаза, со оглед на фактот што фестивалот започнува во петок.
www.kavadar4e.com: Што ново ќе понуди Алшар 2018?
Тиквешки точакџии: Со оглед на тоа што настанот „АлШар – Допри го сонцето, откриј ја тајната за постанокот на светот“ веќе прерасна во своевидна манифестација со многу особености и карактеристики, и очекувањата на сите се посебни и големи што нам, на организаторите, здружението Тиквешки Точакџии Кавадарци ни поставува голема задача и одговорност, да бидеме поинвентивни, поразлични, да понудиме нешто што на сите ќе им се допадне, почнувајќи од недопрена природа, планина, пејсажи, приказни за минатото, автентични села, гостопримливост, дружба, несебичност, меѓусебно помагање, размена на искуства, создавање на нови познанства и пријателства, искреност, добра забава, предизвикувачки патеки, напор, смеа, задоволство, но и да понудиме незаборавни моменти за сите и се да помине во најдобар ред. Но, тоа не е се, затоа што духот на Тиквешките Точакџии е немирен, но крајно искрен, сакајќи нашите краишта да им ги подари на сите и затоа што сите очекуваат секое ново издание да биде подобро од претходното, така и АлШар 2и18, нуди подобрени содржини, нова т.н. средна планинска велосипедска патека, различни промоции, а овој пат сакаме да се свртиме и кон општествената одговорност.
www.kavadar4e.com: Надвор од спортско-рекреативниот дел, со кои се содржини ќе биде потполнето времето на сите оние кои ќе решат да кампуваат во фестивалската зона?
Тиквешки точакџии: За сите учесници, посетители, не само за камперите изготвена е пригодна културно уметничка програма, настапи на диџеи, бендови и групи, меѓу кои фолклорниот ансамбл Тиквеш, група Чардак, диџеј Славе Келешовски, Бадасал, а ќе има и други интересни дневни сорджини кои би оставиле да останат мала тајна до самиот почеток на настанот.

34344561_949245498582031_7501706801088299008_n
www.kavadar4e.com: Колку учесници се очекува да бидат дел од настанот?
Тиквешки точакџии: Со бројките никогаш не сакаме да играме, а најмалку да шпекулираме, секако голем фактор е времето кое може да ги измести сите претпоставки и очекувања, единствено можеме да кажеме дека и оваа година интересот е огромен.
www.kavadar4e.com: Имате ли некаква статистика колку посетители и колку учесници беа дел од претходните две изданија на манифестацијата?
Тиквешки точакџии: Немаме точни бројки од фактот што настанот е од отворен, т.е. е под отворено и нема евиденција колку посетители биле, а секако според кажувањата од сите по другите настани низ Македонија бројот на учесници е за неколкупати поголем од другите настани, секако имајќи го фактот што на АлШар како учесници се и планинари низ планинарските, тури, велосипедистите, како и посетители рекреативци учесници.

www.kavadar4e.com: Петар Ангелов и Игор Стефановски Иџе ги отворија претходните две изданија. Ќе продолжи ли традицијата познати македонци да ја имаат честа да го означат стартот на настанот?
Тиквешки точакџии: Секако, и задолжително, оваа година чест да го отвори настанот ќе има нашата кошаркарска легенда Горан Самарџиев.

SONY DSC

www.kavadar4e.com: Со две години искуство, полесно ли е сега да се организира настан од ваков тип?
Тиквешки точакџии: Можеби искуството е важна алатка во организацијата на еден ваков голем настан, но мора да кажеме дека е уште потешко од претходните години, особено од фактот што креативно сакаме да биде подобар, да понудиме нови содржини, да ги исправиме грешките од минатото и пред се да нема никакви повреди иако нагласено е дека секој учествува на своја сопствена одговорност.
www.kavadar4e.com: Зошто Алшар – Допри го сонцето важи за еден од најдобрите настани во Македонија, во споредба со останатите?
Тиквешки точакџии: За ова неможеме како организатори да Ви дадеме одговор, треба учесниците да го дадат низ ваши разговори со нив. Инаку, благодариме за вашата констатација и истата ни годи, и е резултат на неизмерни напори, проблеми, турбуленции во текот на организациониот процес, а секако големината на АлШар е и во поврзаноста со искрените Спонзори и Помагатели на овој настан без кој настанот не би бил ни далеку она што денес е .

SONY DSC

www.kavadar4e.com: Се чуствувате ли горди што успеавте, и како здружение Тиквешки точакџии, и како организатори на настанот да ја смените целата психологија на народот, кој до скоро време гледаше на велосипедот само како превозно средство?

Тиквешки точакџии: Баш така, баш тоа е нашата цел како организатори на овој настан, но и не само настанот АлШар, туку и сите активности на здружението Тиквешки Точакџии Кавадаци потпомогнати од Општината и сите спонзори, да изградиме нов дух на однесување, современ начин на живеење, сакање на природата, еколошка свест, помагање, разбирање меѓусебно, почит кон другите итн.
www.kavadar4e.com: Кој се го помага настанот?
Тиквешки точакџии: Горди сме што создадовме голема листа на пријатели и поддржувачи кои го препознаа настанот, и неизмерно го поддржуваат, но и што се дел од здружението. Меѓу оние на кои особено сме им благодарни секако се Општина Кавадарци, Градоначалник Митко Јанчев и Совет на општина Кавадарци, Кожувчанка ДОО, Дрекслмајер, Витаминка, Метал Апостолов, Слога, Инел Интернационал, Ресторан Ексклузив, Камес, Екстра Бус, Анел Маг 97 и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *