Денес започнува Алшар 2и18

Со пристигнувањето на првите гости во фестивалската зона и поставувањето на првите шатори во кампинг зоната, денес и официјално ќе започне третото издание на најголемата аутдор манифестација во Македонија, Алшар 2018.
Сите оние кои што ќе решат да бидат дел од новата АлШар авантура од нејзиниот сам почеток, ќе имаат можност да уживаат во настапот на фолклорниот ансамбл Тиквеш и чалгискиот состав Чардак, чии настапи ќе се оддржат во фестивалската зона во селото Мрежичко.
За денес во 12 часот е најавена и прес конференција на која членовите на здружението Тиквешки точакџии ќе ги соопштат сите детали за настанот кој дефинитивно ќе го одбележи и ова лето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *