Елегија за АлШар

Да, и по трет пат ти велам збогум, и по трет пат ти благодариме Кожуф планино. Чувај го домот на сонцето и целата мистична убавина за која светот се погласно говори…. Чувај ја оваа наша тајна која се претвори со бајка сјајна. Но, ќе забележам и јас со својата дружина дека Алшар веќе оддамна не е само наша приказна.

1
Сите добронамерни луѓе и наши пријатели кои барем еднаш до сега поминале по овие патеки и стази знаат многу повеќе да раскажат за недопрените убавини и за брендот кој заедно го создаваме, градиме и негуваме…….АлШар, допри го сонцето, дознај ја тајната за настанокот на светот.

4
Бевме и повторно уживавме во твоите прегратки. Бевме и повторно се збогувавме. Да, те оставаме таму каде што припагаш. Ти благодариме за се, и за љубовта која ја имаш кон сите нас. Затоа што и годинава ги допре нашите срца, ти ветуваме верност и нова средба, наскоро.

2
И да, чекај не, а до тогаш… а Вие кои одвоивте некоја минута за оваа елегија… да сте здрави и живи, и да се видиме повторно…

Душко Стефанов Боемот

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *