Во „Потрага по смислата на ликовноста во соочувањето на убавината на природата“, а во рамки на годинешното издание на манифестацијата Скопско лето, еден од најплодните и најголемите македонски ликовни уметници македонски, Владимир Темков во среда, 20 јуни 2018 година, повторно ќе ги претстави своите дела пред скопската публика.
Иако ова е второ поставување на изложбата „Потрага по смислата на ликовноста во соочувањето на убавината на природата“, откако претходно со истата го потврди својот магистарски назив, самата најава за изложбата предизвика огромен интерес кај љубителите на ликовната уметност од главниот град со оглед на тоа што бројот на почитувачи и следбеници на делата на Темков е огромен.
Делата изработени во акрил на платно ќе бидат поставени во НЛБ Галерија, а во вечерта посветена на уметноста на Владимир Темков свој дел ќе има и кавадаречкиот виртуоз на класична гитара, Миле Каровски. Секако, нема да недостасува ниту кавадаречкото вино, кое е составен дел и пратител на секоја изложба на Темков.
Почетокот на изложбата е во 20 часот и 30 минути, а за сите љубители на уметноста од Кавадарци кои сакаат да бидат дел од новата изложба на Темков е обезбеден превоз од пред Домот на културата, каде што може да се најдат сите информации за точниот тајминг на тргнување.