Сексот, виното и песната го продолжуваат животот

Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век и неретко живеат повеќе од 100 години. Тие имаат неколку тајни за својата долговечност, а сексот и виното се на врвот на оваа листа. Еве која е нивната тајна…

Една чашка вино дневно за подолг живот
Додека честото опивање го скратува животот, чашата вино го продолжува. Американските кардиолози сметаат дека една чаша црно вино кај жените и две чаши кај мажите го намалуваат ризикот од болести на срцето.

woman_wine_glass

Секс два пати неделно
Сексот е спасот, а најдобро е да го практикувате два пати неделно. Луѓето кои имаат сексуално односи помалку од еднаш месечно имаат дупло поголеми шанси да умрат порано за разлика од оние кои ги практикуваат два пати неделно.

winesex

Религиозните луѓе живеат подолго
Религиозните луѓе живеат до 6 години подолго од атеистите, тврдат истражувањата од Универзитетот во Охајо. Без разлика дали верувате во нешто духовно или политичко, научниците велат дека токму тоа ни помага да се справиме со стресот. А стресот е превенција за многу болести!

Friends toasting each other at party

Оженете се
Кај женетите мажи постојат помали шанси за појава на срцеви заболувања, за разлика од оние кои не се во брак.

vineyard-wedding-photos

Дружете се
Блиските пријателства и квалитетните семејни односи го продолжуваат животот. Пријателите се нашата емоционална поддршка и ни помагаат да се справуваме со стресот, а тоа се одразува и на нашето стареење.

friends-drinking-wine-organic-wine-by-healthista.com_

Престанете да јадете кога ќе почувствувате дека сте речиси сити
Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век. Па, која е нивната тајна? Престануваат со јадење кога се 80% сити.

young woman enjoying white wine

Пејте секој ден
Научниците од Харвард и Јејл откриле дека членовите на хорови живеат подолго, затоа што пеењето го намалува стресот – главниот причинител на многу болести.

10294340_232442220442314_42791826722058722_n

Памет во глава, чаша вино во рака и уживајте со песна и пријатели за долг и здрав живот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *