Вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ќе не воведат во промоцијата на книгата „Буке“

Врвните вина од винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“ ќе ги воведат гостите и присутните на промоцијата на третото книжевно дело на Душко Стефанов, збирката на вински мисли и мудрости „Буке“, со која и официјално ќе биде означен стартот на годинешното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.
Заедничката промоција е резултат на долгогдишната успешна соработка помеѓу авторот Стефанов како главен и одговорен уредник на специјализираниот сајт за вино и вино култура www.vinotika.mk и винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“, која започна уште од отворањето на винотеката на винаријата токму со читање на дел од мислите на кавадаречкиот писател.
На присутните ќе им бидат понудени вина од различни сорти, меѓу кои и новото „фиано“ кое својата промоција ја доживеа на минатогодишното издание на „Винодонија“, како и дел од специјалните селекции на вина, меѓу кои и фантастичните „Траминец“ и „Розе“.
Покрај винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“, подршка во издавањето на книгата „Буке“ дадоа и компаниите „Кожувчанка“ ДОО и станицата за технички преглед „Велком Трејд“, како и Општина Кавадарци, министерството за култура на Република Македонија, Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ и библиотеката „Феткин“.

Bouquet-Poster

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *