За време на гроздоберот испиени 20 тони вино

Над 20 тони вино биле испиени за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” што се одржа во Кавадарци, соопшти попладнево градоначалникот Митко Јанчев.

За трите фестивалски дена подготовките траеле повеќе од шест месеци.

– „Тиквешки гроздобер 2018” беше најпосетен досега. Повеќе од 60.000 луѓе пробаа вино во градот на виновата лоза. Изненадувачки и многу позитивно е што за време на манифестацијата не е пријавено никакво нарушување на јавниот ред и мир, нагласи Јанчев.

Над 50 фирми дале поддршка на настанот. Градоначалникот им заблагодари на сите што на каков било начин придонеле за организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *