Со настапите на диџеј Дарко Марковски, Миле Кузмановски и Куку Леле вечерва завршува годинешноти издание на „Вино Фест 2018“ која од средата се оддржува на отворениот паркинг на Веро Центар.
Фестивалот освен квалитетна музика и годинава понуди врвни вина и вкусни деликатеси кои совршено се комбинираат со изложените вина.
Присутните и на последната фестивалска вечер ќе може да ги дегустираат најпознатите вина на винарниците „Тиквеш“, „Бовин“, „Стоби“, „Еземит“, „Далвина“, „Пивка“ и „Гама“ и пијалоците на Пивара Скопје по промотивни цени, додека гурманското задоволство ќе го овозможат деликатесите на производителите „Чеза“, „Единство Челопек“, „Златиборац“, „Линдт“ и „Еуромес“.
Фестивалската програма започнува во 20 часот, а завесата на годинешното издание на „Вино Фест“ ќе биде спуштена еден час по полноќ.