Без оглед на тоа дали славите Валентајн или Трифун, или ниту едното ниту другото, ќе забележите како денес на сите страни има цитати, мисли, тематски фотки…
Факт е – Сакаме фешти и веселби, па баш убаво ни доаѓа секој празник, дури и онoj коj не e во наша традиција. Само нека е весело.
Случајно да не задоцниме со љубовта
Мора да признаеме дека ниту еден празник не се вовлече во нашата култура толку брзо како Денот на вљубените. И нема врска што православниот светец на љубовта се слави дури на 13-ти август.
Решивме да забрзаме со изјавите и запросувањата, случајно да не задоцниме и да не останеме зад сите. Срциња на сите страни. Од плишани мечиња до чоколади и црвени рози…
А, што е со Свети Трифун?
Неговите моќи најчесто ги слават љубителите на виното. Се верува дека токму тој Свети Трифун штити од поплави, чувар е на растенијата и заштитник на лозарите, но многу често го слават и кафулињата и урбаните локали.
Се верува дека на овој празник снегот почнува да се топи, дека полека се најавува пролетта и дека природата се буди.
Без оглед на тоа кој од овие два празници ќе го прославите, факт е дека ќе мора да навлезете во потрошачката машинерија и да купите нешто со многу срциња или барем шише сортно вино.
За што се одлучивте денес?