Запознајте ја српската убавица која ужива во македонското вино

Српската манекенка и водителка Јелена Кикиќ направи бум пред три години, на Хвар, кога прошета покрај море со српскиот крал на бакарот, Милан Поповиќ, една година откако тој ја раскина врската со хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ. Сите медиуми тогаш објавија дека таа му е нова девојка, а, всушност, се сретнале да снимат емисија за виното. Со својата атрактивна појава, Јелена, пак, направи бум, но овој пат во Лепово, на закројувањето на лозовите насади на винарницата „Тиквеш” по повод празникот Свети Трифун. Сите ја гледаа во долгите нозе додека земаше изјави за прилогот за својата емисија „Вино и лозарство”, која се емитува на српската телевизија „Прва”.
Големите очила за сонце, кои воопшто не ги извади, се нејзин заштитен знак, како и професионалноста, љубезноста и културата на однесување. Таа е дамата што со своите емисии е најдобра реклама за македонските вина, со години наназад.
„Виното веќе неколку години е моја љубов и преокупација. Како жена која сака убаво вино, сега станав експерт за овој пијалак и со уживање ги подготвувам емисиите. Не ја пропуштам можноста да дојдам во Македонија кога и да ме поканат, и да ги пробам вашите убави вина. Според моите сознанија, врвните вина под етикетата на „Домеин Лепово’ се на врвот по квалитет во регионот”, ни откри Кикиќ.

A17402DFEA2FEF4A905F2155832EF76B
На сонце, помеѓу голем број гости, претставници на дипломатскиот кор во земјата и пријатели на винарницата, Поповиќ дегустираше црвено вино, ама вели дека не прави разлика меѓу бело, црвено, домашно, налевно или купечко вино.
„За виното е битно да е квалитетно. Да го пиете со убаво мезе, со добро друштво, пријатели што шират позитивна енергија”, вели Јелена.
Пред да се посвети на водителството, била манекенска ѕвезда, мис, а и се обидела и во актерските води. Од пред една година ја краси рекламата на уште едно македонско вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *