Пробајте ослиќ во бел сос од вино

Состојки:

Ослиќ(1 Килограм)

Комплет зеленчук за супа

Целер(1 корен )

Лук(3 Чешниња)

Кромид(1 Главица)

Бибер(неколку зрна )

Оцет(1 Супена лажица)

Ловоров лист(1 )

Вода(1 Чаша)

Бело вино(1 Чаша)

Брашно

Масло

Сечкан магдонос
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Ослиќот, комплетот зеленчук за супа, кромидот и лукот, ловоровиот лист, оцетот биберот и солта прелијте ги со вода, колку да се покријат, па на тивко варете ги додека рибата не се оддели од коските.
Извадете ја рибата, исчистете ја од коските и распоредете ја во намастен огноотпорен сад. Врз неа сипете го испасираниот зеленчук.
На тивок оган загрејте две лажици масло, додајте две лажици брашно, сол и бибер. Мешајте ја смесата неколку минути додека да добиете тесто со светла боја. Во смесата одеднаш сипајте ги по една чаша бело вино и вода. Сето тоа кратко проварете го со постојано мешање.
Со сосот прелијте ја рибата и во загреана рерна малку потпечете ја. Пред послужување, посипете ја со исечкан магдонос

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *