Станува збор за рецепт кој особено ќе им се допадне на љубителите на тестенини и црвено вино, декорирани со меко варено јајце.
Состојки
3 чаши + ¼ чаша црвено вино
3 чаши вода
400 грама тестенини букатини (слични се на шпагетите, само се подебели и со дупка на средината) или шпагети
2 до 3 лажици масло
1 – ½ лажица ситно сечкан лук
½ мала лажичка црвена пипер по желба
1 лажица ситно сечкан црвен кромид по желба
¼ чаша сечкан магдонос
рендан пармезан
За декорација:
4 до 6 поширани јајца.
Подготовка:
Во длабоко тенџере на оган се ставаат 3-те чаши вино и водата. Штом течноста зоврие, во тенџерето се ставаат букатините (шпагетите) да се варат. Во тенџерето се додава маслото, а температурата се намалува.
Букатините се варат за време од 8 минути или како што е наведено на пакувањето. Од течноста во која се вареа тестените се одвојува ½ чаша, а потоа се цедат.
Во големо тава, на умерена температура се ставаат 2 до 3 лажици масло да се загрее. Во тавата се додаваат лукот, кромидот и црвената пипер. Се запржуваат околу 1 минута.
Во тавата се додава 1/3 чаша црвено вино и претходно издвоената течност во која се вареа тестетните . Се остава течноста да зоврие за време од 1 минута. Исцедените тестенини се ставаат во тавата со лукот и се мешаат додека целосно се покријат со сосот.
Готовите шпагети во црвено вино се сервираат во чинии. Се наросуваат со ситно сечкан магдонос, малку сечкан кромид и рендан пармезан. Во секоја чинија се става по едно поширано јајца.