Бугарија очекува да извезе речиси 62 милиони литри вино со добри квалитетни индикатори првенствено за Полска, Романија и Русија. Ова го соопшти министерот за земјоделство и храна проф. Христо Бозуков.
Во 2015 година Бугарија извезе речиси 60 566 000 литри вино. Виновата лоза низ Бугарија се простира на околу 60 000 хектара, а како и секоја година тие се зголемуваат. Во 2016 година се забележува раст во споредба со претходните години, произведени се 128 милиони литри вино, дополни проф. Бозуков.
Со агресивната кампања, Бугарија се труди да заземе достојно место на светската винска карта.