Шестлитровно шише вино продадено за 94000 долари

Шестлитровo шише вино Шато Петрус од 1982 година беше продаденo за рекордни $94.000 долари на аукција за скапи вина во Хонг Конг.
Шишето, што е еквивалентно на осум стандардни шишиња вино, е купено од неидентификуван купувач од Кина по неколку минутно наддавање.
Сите 1.010 производи понудени на аукција за време на викендот биле продадени со вкупна вредност од 61.5 милиони хонконгшки долари.
Хонг Конг им е конкуренција на Њујорк и Лондон како центари за скапи вина, бидејќи како локалните жители, така и оние од Кина, го покажале вкусот кон висококвалитетните вина и биле подготвени да платат големи суми за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *