Винарија Пирган, прилепска винска гордост

Возвишени моменти предизвикува раскошната палета на вината од Винаријата Пирган. За богатата карта на вечниот пијалок на боговите, мераклиите велат дека не е за пиење, туку за уживање, за дегустирање, треперење на непцата и усната шуплина и чувство на нежен допир на нектарот на грозјето. А приказната за виното од Пирган, која сопственикот Златко Пирганоски почнал да ја ткае и продолжува да ја раскажува, тргнала пред повеќе од дваесетина години со аспирација да се создаде препознатлив бренд од Прилеп, кој е познат по производството на тутун. Предизвик му било да успее во бранша што не е специфична за подрачјето. Се стремел низ трнлив пат да открие еден мистичен свет, скриен во лозовите плодови и да го подели со своите сограѓани, па и пошироко. Капацитетот на широката палета и асортиманот на врвни вина го освојува македонскиот и атакуваат на странските пазари.
За добро вино е потребна врвна опрема за производство и големо познавање. А да стигне виното во шише е долг процес.
-Ориентирани сме да произведуваме трепзно вино од разни сорти на лози од насади на различни места во земјава. Произведуваме сортни вина, од кои отскокнува меѓу белите Темјаниката, па Шардонето, Траминецот, Ризлингот… Од црните, Кабарнет, Мерлот, Вранец. Винификацијата се врши во Прилеп во современа технологија и со врвни енолошки средства. Колку подобри средства, толку повисок квалитет. Винификацијата е процес кој почнува од мелењето на сортното грозје, контролирање, додавање на енолошки средства соодветно на грозјето и квалитетот. Потоа, третирање на ширите и, на крајот, ферментацијата. Кога таа е бурна се употребуваат најдобрите енолошки средства. Битни се преточувањата, најмалку четирипати годишно во отсуство на кислород, со вакуум. Се употребуваат современи орудија, неколку видови филтри, хигиенски пристап со миење, преточување од цистерните до современата машина за флаширање во различни амбалажи – објаснува Пирганоски.
Визбата откупува сорти на грозје, кои се чисти и се плаќаат поскапо за еден денар, плус транспортот, а парите се исплатуваат најдоцна за три дена.

Moderna_tehnologija_za_kvalitetno_vino_-_Zlatko_Pirganoski
– Грев е да се мешаат различни сорти. Визбата произведува исклучиво чисти сорти. Шишето се полни само од една сорта, на пример Вранец. Гарантирано и декларирано е дека содржината на шишето е исклучиво од лозата, Вранец – вели Пирганоски.
Откупува од 300 до 500 тони грозје. Производството го пласира во Македонија и сега има најави и за Србија.
Темјаника подмладува
Од белите вина, Темјаниката единствено парира со особеностите на црните вина. Содржи исто како црните вина, танини, протеини, дури и ензим за подмладување на клетките.
– Палетата на производи ја предводи Темјаниката. Таа е кралица на сите бели вина. Има јаки ароми, но ако не си мајстор да ја изработиш, ќе појде во друга насока – објаснува Пирганоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *