Македонската радио телевизија низ долги години на своето работење и постоење зад себе оставила голема архива на непроценливо богатство. Една од оние емисии кои се вистински чувар на традициите и вредностите на одредено поднебје од земјата е серијалот „Распеани градови“.
Во емисијата посветена на Кавадарци, покрај песните во кои главен мотив се виното и љубовта, претставен е и животот на обичниот кавадарчанец во седумдесетите години на 20 век. Работа на лозовите насади, гроздобер, преработка на грозјето, правење вино и ракија, но и боемштилак онаков каков што во себе носат само кавадарчани се дел од сцените кои се прикажани во емисијата која можете да ја погледнете во целост. Уживајте.