Ковчег за вино од 100000 евра?

Француската компанија „Т.Т.Трункс“ го претставува своето ново ремек дело. Станува збор за импресивниот „МИЛЕСИМЕ Трунк Т512“ ковчег, креиран за складирање на шампањ и вино.

За изработка на еден ваков ковчег потребни се минимум 1050 часови, а за да се создаде блескавиот сјај што го поседува, овој ковчег е обложен со електрично син „Динамик“ микрофибер. Исто така, тука се и црните детали од истиот материја, што создаваат совршен контраст. Надворешноста на ковчегот е обложена со црна кожа, што е украсена со никлувани полирани детали и рачки со метални детали.

Овој ковчег поседува ВИ-ФИ стерео звучници, обложени со ткаенина што совршено го пропушта звукот. Во ковчегот можат да бидат складирани 20 шишиња вино и шампањ – 10 во замрзнувачот, односни винскиот подрум, и по пет во секоја од фиоките од страна.

timthumb

Заедно со ковчегот доаѓаат и 16 кожни подметнувачи, по осум чаши за вино и шампањ од брендот „Бакарат“, како и сите неопходни аксесоари за уживање во виното.
Благодарение на тркалата од полиран месинг, овој ковчег може по желба да се поместува.

Millesime-Trunk-T512-2
„Милесиме“ доаѓа со кожен кофер, специјално наменет за едно шише вино и две чаши.
Цената на овој ковчег е 100.000 евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *