Меланија Трамп против словенските винарии

Меланија Трамп не го одобрила виното, произведено во нејзината родна Словенија, да се нарече „прва дама“. Најевтиното шише чини 32 евра, а во Севница само за три дена се продале 300 шишиња.
„Ова е пример на обид за заработувачка од нејзиното име, што госпоѓата Трамп никогаш не би го одобрила“, вели нејзиниот портпарол. Меланија од своја страна со адвокати подготвува тужба. Американските медиуми пишуваат дека првата дама на САД ангажирала словенечки адвокати за да стават крај на производите со нејзината титула.

 

„Не се срамиме да нудиме такви производи, зашто се со најдобар квалитет“, инсистираат винарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *