Поранешниот капитен на кошаркарскиот клуб Фени Индустри, осум кратниот освојувач на македонското кошаркарско првенство и човекот кој седум пати го освои националниот куп, живата кошаркарска легенда на македонската кошарка, Горан Самарџиев ќе го отвори годинешното издание на најголемиот македонски аутдор настан, Алшар 2018.
Самарџиев кој пред две години ја започна својата тренерска кариера, е третото славно спортско име, по Петар Ангелов – Диви и Игор Иџе Стефановски кој ќе ја има честа да го означи официјалниот старт на централните настани, односно велосипедските и планинарските тури на Алшар 2018.
Популарниот Чема и самиот беше дел од првите две фестивалски изданија, и тоа како активен учесник во планинарските тури кои здружението Тиквешки точакџии ги организраше заедно со планинарското друштво Орле од Кавадарци.