По сончевото претпладне кое им овозможи идеални услови на мотоџиите да продефилираат по фестивалските стази, и вистинско уживање на сите кампери и гости во централната фестивалска зона, попладнето донесе интензивни и обилни врнежи од дожд.
Најавениот дожд очекувано му предизвика големи проблеми на организаторот, кој допрва ќе го утврдува текот на утрешната програма, но ниту обилните врнежи, ниту температурите кои се далеку од оние типични јунски не ги предомислија „жителите“ на камп зоната, кои и во лоши услови се забавуваат со се она што како фестивалска програма го понудија Тиквешките точакџии.
Меѓу бројните гости во денешната фан зона беше и градоначалникот Митко Јанчев кој со својата фамилија неколку часови уживаше во програмата на првиот фестивалски ден.
Винотика.мк останува да ги следи настаните на терен, и ќе информира навреме за сите евентуални програмски промени кои би ги предизвикал дождот.