ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ нов спонзор на ГРК Тиквеш

Винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“ е нов спонзор на градскиот ракометен клуб Тиквеш, кој најавува интересна и возбудлива сезона во која ќе се вмеша во борбата за места кои водат во суперлигашкото друштво. Веста за новото партнерство на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ и ГРК Тиквеш беше меѓу новините кои беа објавени на денешната прес конференција на која беше претставен новиот предводник на тимот и новајлиите во тимот.
Амбициите се зголемени, очекувањата се високи и покрај супер силната група 1, но и сосема оправдани со оглед на тоа што во тимот по успешната кариера во македонските клубови се враќа Милан Левов, но и некогашните негови соиграчи од најсветлите денови на кавадаречкиот ракомет Илија Грозданов, Васко Димитров, Орданче Лазов и Јовица Јошев. Дополнително, тимот на располање ќе го има и Димче Минов од тимот на Борец кој сезонава како позајмен играч ќе се обиде да го надополни дефицитот на позицијата десен бек. Тимот ќе го предводи искусниот Драган Сукара, кој веќе подолг период работи со клубот.
Покрај од ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ како нов партнер, поддршка на новиот проект пристигна и од досегашните поддржувачи, Локалната Самоуправа на град Кавадарци која за 100 проценти го зголеми буџетот за клубот, јавното претпријатие „Комуналец“, „Кожувчанка“ ДОО, Инел Интернационал и Екстра Бус.

41540257_250447128994882_5405713557494956032_n
„Целта на клубот е да направиме спој помеѓу младоста и искуството за да обезбедиме долгорочност на кавадаречкиот ракомет. Сакаме да го искористиме искуството на Левов, Грозданов, Димитров за да создадиме нови, квалитетни играчи. За таа цел во првиот тим вклучивме и неколку играчи од младинските категории, кои веруваме дека ќе имаат свој допринос во успесите во новата сезона“ – рече меѓу другото Зоран Јосифовски, член на извршниот одбор на клубот.
Богата забавна содржина, убав ракомет, нови дресови и клубска химна која ќе биде промовирана во петок најави и Ратко Мицев, кој исто така е дел од извршниот одбор на клубот. „Сакаме да ја привлечеме публиката повторно во салата. Ветуваме дека ракометарите ќе дадат се од себе, но и дополнително ќе организираме бројни наградни и забавни содржини за сите публиката која ќе ни ја даде поддршката која ни е најпотребна, но и за која всушност се игра и ракометот.
Првиот натпревар во новата сезона кавадаречкиот тим го игра викендов против секогаш незгодниот тим на Младост од Богданци, а точниот термин за одигрување на истиот ќе биде утвдрен деновиве.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *