За вистинските гурмани ова е вистински избор за викенд ручек.
Потребно е:
за ќофтенцата:
500 гр мешано мелено месо
1 помала главица кромид
50 гр маслинки
1 јајце
5 лажици изрендан пармезан
5 лажици лебни трошки
сол, бибер
1/2 чили пиперче. без семки
за сосот:
1 главица кромид
4 чешниња лук
1 конзерва домати пелати
200 мл сок од домати
300 мл црвено вино
1 лажица шеќер
10 гр путер
листови целер
сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Кромидот и маслинките исецкајте ги на коцкички, чили пиперчето на тркалца.
– Во еден сад ставете го меленото месо, додадете сол и биберпо вкус, јајца и измешајте ја смесата за да се соединат сите состојки.
– Потоа додадете ги лебните трошки, пармезанот, маслинките, кромидот и чили пиперчето. Со раце измесете ја смесата. По потреба додадете уште лебни трошки.
– Една поголема тава обложете ја со алуминиумска фолија и малку намастете ја. Дланките малку намастете ги со масло за да може полесно да ги формирате ќофтенцата. Од месото направете ќофтиња со дијаметар околу 5 см и наредете ги на фолијата. Ставете ги 30-тина минути во фрижидер.
– За сосот ситно исецкајте ги лукот и кромидот. Исецкајте ги доматите пелати.
– Во подлабока тава сипете маслиново масло и додадете го путерот. Потоа додадете ги кромидот и лукот и кратко ипржете ги.
– Додадете ги доматите, сокот од домати, виното, шеќерот, сол и бибер. Оставете да се вари на тивко додека да испари малку течноста и да се згусне малку.
– Извадете ги ќофтињата од фрижидер и испржете ги од сите страни во тава на малку масло.
– Пред самиот крај на варење на сосот додадете ги ќофтињата и варете уште 10-тина минути.
– Пред да ги послужите посипете ги со ситно сецкани листови целер.