Овој брз коктел со вкус на освежувачки малини е идеален за попладневно уживање во врелите летни денови.
СОСТОЈКИ:
1 кг малини
400 гр шеќер
500 мл слатко бело вино
слатка павлака
бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Малините измијте ги под слаб млаз вода. Исцедете ги, па пошеќерете ги, залијте ги со вино и оставете добро да се изладат.
Со коктелот послужете разматена слакта павлака со омилените кекси.