Во Охрид во тек е Фестивалот на вино и сирење, на кој свои производи презентираат винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење од земјата.
Манифестацијата започна синоќа со културно уметничка програма на плоштадот кај стариот чинар, додека од името на градот домаќин, учесниците и посетителите го поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.
На дводневниот фестивал учествуваат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот на плоштадот кај Чинарот.
Во рамки на манифестацијата, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, посетителите ќе може да уживаат и во културно – уметничката програма.