Во сабота, 19 август, ќе се одржи веќе традиционалната, трета по ред музичка дружба со Владимир Четкар насловена “Џез и вино”.
Настанот како и изминатите години ќе се одржи покрај базенот на терасата на хотелот Филип, а освен во авторската музика на најславниот македонски џезер публиката ќе има можност да ужива и во извонредните македонски вина на винаријата „Бовин“.
Вратите за концертниот настан ќе бидат отворени од 20, а концертот ќе почне во 21 часот.
Влезниците за за вечерта исполнета со џез и вино чинат 300 денари.