Се очекува дека производството на вино во Франција ќе падне оваа година за 18 проценти поради ледениот бран кој оваа пролет ја погоди областа со лозови насади.
Мразот, потоа пролетната врелина и летната суша направи лозарите да не бидат поштедени од невреме оваа година. Првите берби се обавени во просек десет до петнаесет дена порано, со значителен пад на количините, со исклучок на регионот Бургундија во центарот на земјата.
Количината на вино од бербата во 2017 година би можела да биде 37,2 милиони хектолитри, што е за 18 проценти помалку отколку во 2016 година, и за 17 проценти помалку од просекот за последните пет години, соопшти француското Министерство за земјоделство.
Новиот пад на производството следеше после 2016 година кога веќе постоеа климатски промени и кога е забележан двоцифрен пад на производството во една од најслабите берби во последните 30 година.
Падот на производството во 2017 година во најголем дел е последица на силниот пролетен мраз кој ја погоди виновата лоза во осетливата фаза на развој, на сите површини, но во раличен степен, наведе Министерството.
По прашањето за квалитетот се очекува дека овогодишното производството сепак ќе биде добро.