Отворен нов дегустационен центар во „Вила Марија“

На Голема Богородица во Демир Капија беше отворен винскиот дегустационен центар во склоп на винаријата „Вила Марија“.
По повод големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, на 28ми август свечено беше отварен винскиот дегустационен центар во некогаш кралската винарија на кралица Марија, „Вила Марија“ во Демир Капија.
Винскиот дегустационен центар нуди можност за дегустација и конзумација на високо квалитетни сортни вина од палетата на винаријата.
На свечениот настан присуствуваа гости од целаата земја, како и надвор од неа, кои покрај во виното и амбиентот уживаа и во песните на Трио Гранде. Свеченото отворање беше одбележано и со газење и гмечење на грозјето во дрвени буриња за адет и бериќет на новата реколта.
Винскиот дегустационен центар е отворен за сите домашни и странски посетители кои се љубители на добра чаша вино во автентичен амбиент од 1925 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *