Бред Пит, големата холивдуска ѕвезда е привлечен од животот на село и се поради, виното…
Како големи вљубеници во фините вина, славниот холивудски пар Пит и Џоли веќе имаат свои вина, од кои најценето во светот на познатите е нивното „Розе“.
„Сега сум фармер. Сакам да учам за почвата и која земја е најпогодна за секоја сорта на грозје, да уживам во целото она возбудување кое го носи есента кога одиме да бериме грозје. Колку шеќерни единици има? Ќе врне или нема да врне? Сето тоа е нешто ново за мене. Кога ќе стивне работата на лозјата сакам да шетам во шумата и да го собирам лисјето“ – вели 50 годишниот глумец кој на село изгледа еднакво добро како и на црвениот тепих.
Парот Џоли-Пит кој во Франција го поседува дворецот Chateau Miraval е среќен што поседува имот на кој може да произведува свое вино и храна, и место каде што уметниците може да се собираат и во релаксирана атмосфера да ги разменуваат своите идеи.
Колку му значи ова место, но и дека Холивуд не му недостасува премногу потврдуваат и зборовите на Бред Пит кој вели: „Овде е така мирно. Местото претставува антистрес терапија од Холивуд.