Вечера со вино е моќен афродизијак

Преку едно истражување спроведено во САД се добиени интересни резултати во однос на сексуалните желби на жените.
Во анкетата учествувале 1000 лица помеѓу 18 и 64 годни, со цел да се откријат желбите и потребите во нивниот сексуалниот живот. Резултатите, меѓу другото, покажале дека вечера со вино е моќен афродизијак.
Еве дел од заклучоците од анкетата:
Вечера и вино се моќни афродизијаци
Ако барате нешто што брзо може да ја расположи жената за секс, помислете на старомодниот рецепт – вечера и вино. Голем број мажи и жени ги рангирале виното и вечерата како посилни афродизијаци отколку гледањето еротичен филм. Сепак се покажало дека постои генерациски јаз помеѓу испитаниците.
Вербална комуникација е многу важна
Речиси половина од жените, 44 %, велат дека ги возбудува кога мажот ќе им каже- „те сакам“, а 26 % од жените се возбудуваат кога ќе чујат „многу си секси“.
Секс за 43 минути
На прашањето колку им трае сексот, најголем дел од испитаниците го дале одговорот – 43 минути. Мажите почесто изјавувале дека сексот трае и подолго од ова, а пак жените, помалку од ова. Се покажало дека и на оние поединци кои не се во врска, сексот им трае малку подолго, околу 45 минути. Исто така, 65% од жените изјавиле дека имаат секс еднаш до три пати неделно.
Таа сака секси разговори
Голем број од жените учесници во истражувањето велат дека со партнерот воделе „валкани“ разговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *