Ја нанесувате вашата омилена нијанса на кармин, онаа која знаете дека ви стои одлично се додека не премине од вашите усни на чашата за вино.
Меѓутоа постои мал трик со кој можете да го спречите пренесувањето на вашиот кармин на чашата за вино.
Потребно е пред да ја испиете првата голтка, благо да го оближете делот од чашата кој ќе го допрете со вашите усни.
Веројатно сте скептични – лижење на чашата во јавност?
Но, веројатноста е дека никој нема да забележи што сте направиле, а потоа можете да продолжите со разговорите со карминот на своето место.