Кои се 12те најголемите митови за виното?

Патрик Капиељо, сомелиер на годината за 2014 година според изборот на угледниот магазин Food & Wine, ги откри 12 најголеми митови за вината:

1. Белото вино треба да се сервира многу студено

Тоа е голема заблуда, вели Капиељо. Ниту едно вино не треба да се пие толку ладно, но ни млако, туку во него треба да се зачува основната хемија. Имено, колку виното е поладно, молекулите во него се стиснати и аромата нема да се почувствува целосно. Потопло вино ќе биде поароматично, а идеалната температура за бело вино е четири степени Целзиусови.

2. Црно вино мора да биде послужено на собна температура

Теоријата дека црно вино не смее да биде во фрижидер е уште еден голем мит. Експертот вели дека собна температура го забрзува процесот на стареење на виното и го расипува вкусот па се препорачува да се чува на студено место.

3. Црното вино предизвикува лоша главоболка

Причина што по црно вино имате главоболка, е тоа што не го третирате како другите алкохолни пијалоци. Значи, ќе испиете премногу вино, телото ќе дехидрира како и од друг алкохол, а тоа предизвикува главоболка. Ако сакате да се чувствувате добро, не претерувајте со алкохол и во текот на вечерата и подоцна пијте вода.

4. Белото вино никако не го пијте со месо

Со јадења од месо оди и бело вино, тврди сомелијерот. Иако црното вино совршено оди со месо, тоа не значи дека добро бело вино треба да се избегнува. Тој советува со месо да изберете вино со овошен вкус.

5. Оставете виното да дише во шишето

Од отворањето на шише вино и оставањето да продише нема никаква корист, бидејќи формата на шишето и така не дозволува многу воздух да навлезе внатре. Ако сакате виното да го добие тој драгоцен кислород, најдобро користете го.

6. Ако виното е во кутија, тоа има лош квалитет

Патрик Капиељо вели дека тоа не е точно и дека виното не мора да биде во шише. Објаснил дека во Европа е вообичаено виното да е од кутија, а некои се неверојатно вкусни.

maxresdefault

7. Евтините вина се многу полоши

Голема заблуда! Понекогаш поевтините вина се поквалитетни и повкусни од скапите. Некои вина се скапи само затоа што носат име на познат бренд, а односот на нивната цена и квалитетот не е реален.

8. Старите вина секогаш се подобри

Ни оваа терорија не е секогаш точна. Дури 99 отсто вина треба да се испијат во рок од пет години по нивното производство, пишува порталот Thrillist. Сепак, вистина е дека староста на виното дава многу егзотичен вкус и мирис.

9. Тапа со навој покажува дека виното е неквалитетно

Тапите со навој се појавиле околу 1950 година и вината со такви тапи дефинитивно не се со лош квалитет ниту се нужно поевтини. Некои производители инсистираат на тапи со навој бидејќи не дозволуваат влез на кислород во шишето. Други преферираат поинакви затворачи бидејќи пропуштаат доволно воздух за оксидација на танинот.

10. Шампањот не старее добро

Не е вистина дека шампањот треба да се испие брзо откако ќе се купи. Неотворено шише може да стои три до четири години на температура до 4 степени Целзијусови.

11. Француските вина се подобри од американските

Иако нема сомнеж дека Французите се махери за вина, добри вина има и во Калифорнија. Разликата е во вкусот, па на некои им се допаѓаат француски вина, на други американски.

12. Белото вино ги чисти дамките од црно вино

И тоа е обичен мит. Белото вино ќе ја разреди дамката од црното, но дополнително ќе ја обои ткаенината. Затоа, чувајте го своето бело вино, а дамките чистете ги поинаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *