Копола е најдобриот винар меѓу славните, Бандерас најлошиот

Шеснаесет ѕвезди од шоу-бизнисот, истовремено и производители на вино, се натпреваруваа на слепата дегустација за најдобро „ѕвездено“ вино. За нивно оценувањето беше задолжен Мајкл Мадригале, кој од неколку списанија беше прогласен за најдобриот сомелиер во светот.

 
Во конкуренција влегоа вината што се прават на имотите на Антонио Бандерас, Ферги, Метјуз од АСДС, хокеарот Вејн Крецки, Дру Баримур, Емилио Естевез, Трејн, Џеф Гордон, Стинг, Масрио Батали, Френсис Форд Копола, Бред Пит и Анџелина Џоли, Савана Самсон…

 
За најдобро беше прогласено виното од винарницата на Френсис Форд Копола. Победата воопшто не е случајна, бидејќи се работи за водечка винарница од долината Напа во Калифорнија. Најдобро вино во оваа конкуренција е мерлото на Копола, кое не е во највисоката гама на неговите вина, зашто тој продава и шишиња по цена од неколку стотини долари.

137_3753
Второто место, веднаш зад Копола, и припадна на порно-ѕвездата Савана Самсон. Тоа е едно „Брунело ди Монталчино“, со име „Ла Фиорита“, кое се продава по цена од 55 долари. Никој не знае како оваа порно-ѕвезда се најде во винскиот бизнис, но очигледно добро и оди. За секој случај, оценувачите предупредија дека нејзиното вино е „само за возрасни“.

savanna_samson
Пејачот Стинг, кој во своите песни пееше за „порака во шише“, долги години се занимава со винарство на својот имот во Тоскана. Со своето вино „Систер мун“ тој се прослави уште одамна, а во овој избор се најде на третото место.

header_il-palagio
Антонио Бандерас, кој има винарница во португалската област Рибера дел Дуеро, не помина баш добро на дегустацијата со своето вино. Тоа доби препорака „да се пие само во крајна нужда“.

ANTA_BANDERAS_S_L_-winery4
Не помина подобро ни Дру Баримор, која има имот во Италија. За нејзиното вино оценувачите рекоа дека можела да стави и вино во него.

Во овие оценки на вината на славните не се прослави ни холивудската брачна двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, која со големи амбиции влезе во винарството. Од имотот Миревал во јужна Франција тие го лансираа виното „Клара Луа“, кое, според дегустаторите, има многу сулфити. Без разлика на тоа, тоа се продава по цена од 23 долари за шише.

60955814

Познато е дека вината на групата „Еј-си ди-си“ имаат промоторска улога и со голема помпа се најавувани. Но, сепак, на овој натпревар не минаа добро. Нивното вино „Бек ин блек“ е оценето како „недоквакано“ и се препорачува само за оние што се веќе пијани.

acdc-wine
Нешто подобро помина синот на Мартин Шин, Емилио Естевез. Неговото вино било слично на десерт, кој сепак прескапо се продава, 28 долари.

 

Славниот професионален хокеар Вејн Грецки во Сонома произведува вино што мириса на кокос и на чоколада. Оценето е како одлично.

 

И Ферги, модната креаторка, актерка и композиторка, со своето вино произведено во Калифорнија помина добро. Беше речено дека е доста силно и оди само со одредени видови храна.

photos-fergie-wants-you-to-taste-her-wine-holds--2

Трендот јавните личности да прават свои вина продолжува. Очигледно маркетиншката поддршка што ја имаат од газдите ја зголемува продажбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *