Најдобрите вина се служат со добра храна, а само најпознатите и најскапи ресторани во светот можат да се пофалат со сопствени вински подруми во кој се чуваат најубавите колекции од одбрани вина.
На многу колекционери и љубители на добра капка гордост им се одбраните вински брендови, а за многу од нив тоа хоби и љубов е смисла и начин на живот и професија.
Сепак, мора да се знае дека во секоја пригода доминација на Вашата маса, пред Вашето друштво или девојка има вински фаворит кој никогаш нема да Ве изневери.
1. Dom Perinjon
Класа, стил, симбол, статус. Омилен пијалок на џет-сетот, уметничките души го сакаат, жените лудуваат по него, а конкуренцијата симнува капа. Во моментот најпосакувано е од бербата 1996 година. Шише Дом Перињон во престижните ресторани ширум светот се послужува по цена од 150 до 450 евра. На здравје!!!
2. Vega Sicilia
Најдоброто шпанско вино и оддамна меѓу најдобрите во светот. Најважно е да се знае за ова вино е тоа дека има строга контрола на квалитетот од самиот почеток па преку сите негови сегменти, се до неговиот финиш. Сите етапи на производство имаат строги и стручни контроли, а се произведува од три сорти на грозје: темпранило, каберне совињон и мерлот. Оваа добитна комбинација е избор на многу генерации кои знаат што е добро вино. Угостителската цена за ова вино се движи од 120 до 350 евра.
3. Penfolds Grange
Вино кое на светскиот пазар доаѓа како гордост на Австралија. Прво производство на ова вино е забележано во почетокот на 50 години од XX век.
Ова вино има освоено преку 50 златни медали за квалитет меѓу кои и најзначајната, златен медал на винската олимпијада во Париз.
Се произведува во ограничени количини, само во Австралија. Угостителската цена се движи од 160 до 300 евра.
Автор: Душко Стефанов – Боемот