Српската патријаршија влегува во бизнисот со вино и на пазарот почна да продава свое вино, под брендот „Литургиско вино“.
„Литургиското вино“ е произведено во Патријаршиската подрумска винарија во Сремски Карловац, а одлуката да се најде во промет ова вино ја донел Патријаршискиот управен одбор.
Виното е пакувано во специјални шишиња од 1, 0.7 Л и 0.2 литри, со специјално дизајнирана етикета. Сe продава по цени за малопродажба и на големо. 1 литар во малопродажба е 660 српски динари, или околу 6 евра.