Еден Македонец просечно пие по околу 42 литри вино годишно, што не рангира како седма земја во светски размери, се вели во податоците на Институтот за вино од Калифорнија.
Според податоците, многу е природно што најмногу Европејците уживаат во овој еликсир. Изненадува фактот што Ватикан доминира со годишна потрошувачка од приближно 74 литри вино.
Овој парадокс можеби се објаснува со фактот дека во оваа град-држава виното се користи за церемонијални почести, а неретко се случува Италијанци да дојдат во Ватикан од каде што купуваат вино ослободено од данок. Но, за да биде оваа статистика во корист на Ватикан може да биде демографијата, бидејќи таму живеат мал број луѓе.
По Ватикан следи уште една мала земја, Андора, со годишна просечна потрошувачка од над 46 литри, a потоа земјата која е препознатлива по производство на овој за многумина волшебен напиток, Франција.
Од земјите во регионот, Словенија е петта со потрошувачка од 43 литри по глава жител, а едно место над нас е Хрватска со еден литар помалку.
Швајцарија, Италија, Австрија, Грција, Белгија… се земји во кои што во просек се пие по 30 литри вино по глава жител.
Институтот за вино од Калифорнија се занимава со собирање и обработка на податоци за производство, но и за потрошувачка на виното.