Како да зачувате отворено вино?

Виното има свој карактер. Со различни вина се постапува различно. Од отворањето да ладењето, сипувањето, отстојувањето и зачувувањето, треба да му се посветувате на виното. А тоа, секако ќе ви врати на најдобар можен начин

Виното има персоналитет. Запаметете го тоа ако сакате да бидете барем добар вински аматер. Додека е во шише, виното е тргнато на страна, на сигурно е, во темно, до него не допира воздух и тоа бавно еволуира.
Но, штом се повлече тапата, виното почнува да се буди, да дише, заживува. Тогаш започнува она за што е наменето.

Можеби сте забележале дека вино кое ќе го оставите час-два да се „одмори“ после отворањето, не е истото она што сте ги пробале веднаш после отворањето. што е постаро виното, му треба повеќе време за да се навикне на околината и да ги разбуди своите квалитети.

Затоа Виното отворете го еден час пред консумацијата, не постапувајте грубо со него, не го тресите и не го сипувајте нагло. Потоа, оставете му малку време да се навикне на чашата, со благо вртење.

Но, што правиме доколку виното ви остане?

За неколку дена, виното во допир со воздух го губи букето, вкусот и свежината. Колку повеќе воздухот (кислород) продира во шишето толку е побрз процесот на оксидација. Виното во шише кое е повторно внимателно затворено, особено ако имате од оние одлични вакуум пумпички, ќе се сочува една седмица без драстично паѓање на квалитетот, но ако е шишето полупразно, значи ако има повеќе воздух навлезено внатре, ќе треба да се испие најдоцна два-три дена после отворањето.

Од друга страна кислородот игра голема улога во стареењето на виното. Малите количества кислород кои влегуваат преку тапата ги „убиваат“ танините во црвените вина, па така тие стануваат помеки, свиленкасти, стопени, а на сметка на тоа се развиваат аромите. Оваа микрооксидација се зголемува и ако виното подолго отстои неиспиено во чашата.

Има повеќе начини како да се сочува виното после отворањето на оригиналниот затворач.

wine-bottle-open_2716322b

-Не го држете виното близу до резервоар со мазут/нафта или до вреќа компири зашто ќе го прими мирисот.

-Откако ќе се отвори шишето, ако не го пиете, ставете го веднаш во фрижидер (затворено, се разбира). Ако е виното младо (2-3 години), може да остане така 3 до 4 дена. Потоа белото вино ќе потемни, а црвеното ќе избледи, ќе почне да се приближува до бојата на тула. Следи исчезнување на аромите, а ќе останат само танините, киселините и алкохолот. Тоа веќе не е добро вино.

-Шампанското не може да се сочува на претходниот начин, освен ако со специјална пумпичка и преку специјален затворач не го извадите воздухот од празнината (вакуумирање). Оној штос со лажичка во грлото на шишето која наводно спречува да изветреат меурчињата, не важи.

-Слатките природни вина се сочувуваат после отворањето во амбиентална температура подолго време, но и тие завршуваат со оксидација. Кога еднаш ќе ги отворите, треба да се консумираат во рок од најмногу три месеци. Сепак, и за нив е најдобар фрижидерот.

-Кога декантирате (пресипувате во карафи, специјални шишиња за служење на вино) направете го тоа бргу, отсечно, а не полека, како што се прави тоа за старите одлежани вина. Некои вина имаат потреба од максимално проветрување. Такви се младите црвени вина кои се уште по малку режат, како и белите кисели вина.

-Вината кои се уште не се достасани, младите вина, откако ќе се отчепат, оставете ги во шишето да се „одморат“.

-Декантирајте ги (пресипувајте) ги црвените вина кои се постари од 7 години со тоа што максимално ќе го избегнете контактот со воздух. И не ги оставајте премногу долго така да се „одмораат“.
Замрзнато вино

Жално е кога ќе ви остане малку од некое добро вино. Ако го оставите во шише некој ден, виното ќе се расипе. Затоа решението е во замрзнувачот. Ставете го најлон кесичка и смрзнете го. И во големите француски ресторани го мрзнат виното во кесички и потоа го употребуваат за подготвување вински сосови

frozen-wine

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *