Винските региони Бургундија и Шампања под заштита на УНЕСКО

Лозарството, винарниците и винските визби на Шампања, како и Climats вината од Бургундија се најдоа во листата на УНЕСКО како светско човечко наследство…

 

Во одлуката на специјалното тело на УНЕСКО, специфичноста на културата на грозје и вини во Шампања се означувааат како место каде од 17 до 19 век се развила методата на создавање пенливи вина со втора ферментација во шише. Во одлуката на УНЕСКО точно се посочени областите значајни за развојот на целокупната дејност.

1380636161002-IMG-0165

Истото се однесува и на Climats регионите и парцелите во Бургундија кои произведуваат вина со ваква ознака. Посочени се мали парцели лозја кои се простираат во областите Кот де Нуи и Бон на југ од градот Дижон. Секоја од овие працели дава уникатен карактер на вината.

site_1425_0055-750-0-20150727113231

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *