Љубителите на вино можат да уживаат во овој пијалок без да стравуваат дека чашата ќе се истури и ќе останат лоши дамки што не се вадат. Дизајнерското студио Super Duper најде идеално решение кое се вика Saturn Glass.
Станува збор за уникатна чаша од којашто нема да ви се истури виното колку и да ја помрднувате, пишува Cool Material. За да дојдат до крајниот производ, членовите на тимот поминаа години во истражување и креирање на чаша што истовремено изгледа добро, може да стои на површина и го чува виното да не се истури.
Чашите се совршена мешавина на италијанска и скандинавска традиција на правење на стакло. Моделирани се рачно, па оставени природно да се оладат за на крај да бидат обликувани и полирани во Окланд, Калифорнија, исто така рачно.
Пакувањето содржи две различни чаши, за црвено вино (150-175 ml) и за бело вино (120-150 ml). Цената е 52 долари.