Општина Кавадарци-Локална Самоуправа упатува јавен повик до сите општествено одговорни компании кои располагаат со тешка механизација за извршување на градежни работи да се вклучат во расчистувањето на речните корита кои се на територијата на Општина Кавадарци.
Компаниите кои позитивно ќе одговорат на повикот, ќе бидат ангажирани на расчистување на дел од речните корита на Луда Мара и Раечка река.
Во склоп на Проектот за расчистување на коритата, потребно е ангажирање на еден багер, едеј булдожер и три камиони кипери со зафатнина најмалку од 10 м3. За оваа намена Општината располага со нафта од Стоковите резерви, наменета како погонско гориво за машините кои ќе бидат ангажирани во расчистувањето на наведените позиции.
Општествено одговорните компании кои ќе го прифатат јавниот повик на Општината, учеството во акцијата за чистење на речните корита треба да го Потврдат во Граѓанско информативниот центар на телефонот 043/ 416 – 145 секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот, или на електорнската адреса на општината: opshtina@kavadarci.gov.mk, заклучно со 06.05.2016 година.