Основачот на Алибаба купи лозја во Франција

Основачот на Алибаба и вториот најбогат човек во Кина, Џек Ма, купи имот со лозје во Бордо, Франција. Освен лозјето, имотот Chateau de Sours којшто се протега на 85 хектари земјиште вклучува и замок од 18-от век.

Моментално имотот се реконструира, во што спаѓа и ископување на винските подруми. Во овој француски град познат по производството на вино има повеќе од 100 лозја што се во сопственост на кинески магнати. Кина е број еден консумент на црвено вино во светот и водечки пазар за негова дистрибуција.

103420530-GettyImages-512256512.530x298

Планот на богатиот Кинез е да се претворат подрумите во складиште на буриња и музеј на вино, а проектот се очекува да биде комплетиран до крајот на летото.

Според Forbes, богатството на Ма се проценува на 21,5 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *