Уживајте во виното и малку поинаква предигра

Кога станува збор за возбудата, страста и задоволството во сексот, предиграта е подеднакво важна како и самиот чин на сексот. Освен стандардните начини на задоволување кои ги содржи познатата предигра, има толку многу работи кои може да ги направите за целосно задоволство, но никогаш не го изоставувајте виното.
Танц или стриптиз

Опуштете се, и дозволете му на партнерот да ве види во малку поинакво светло. Напијте се чаша вино и облечете ја најсекси долната облека која ја имате. Седнете го недалеку од вас и приредете му стриптиз, при кој, кога ќе останете само по гаќички, седнете во неговиот скут и приредете му „приватен танц“.
„Dirty talk“

Доколку вистински сакате да го возбудите, мора да заборавите на срамот и непријатноста. Опуштете се и шепнете му по некоја „нечиста“ реченица на увце. Доколку навистина не можете да се опуштите, дозволете му нему да почне прв, поставувајќи му прашање во стилот: „Што би ми правел?“, „Каде би ме допирал“? или слично.

dirtydancing10

Тајни, јавни допири

Возбудете го додека се шетате, додека сте на вечера или додека пазарувате, скришно допирајќи го на некое интимно место. Дајте му јасен знак дека сте расположени за страствен секс.

 

И тишината е еротска…

Наместо романтична музика, секси воздишки и извици, пробајте да го правите „тоа“ во тишина. Исклучете ги телефоните, телевизорот, музичкиот систем, но и вашите гласови. Тишината може да „звучи“ извонредно секси и магично.

 

Секси улоги

Во разбивање на монотонијата на сексуалните односи, одберете улога, која знаете дека додатно ќе го возбуди. Облечете карирана суќна и глумете строга професорка или одиграјте лоша медицинска сестра. Со овој потег, освен што ќе добете извонреден секс, ќе ја заживеете врската или бракот.

shutterstock_132474383-600x450

Покриено е возбудливо

Покријте ги очите со свилена марама, и така дочекајте го партнерот во креветот. Додека се одвива предиграта, не симнувајте го превезот. Како интересен предлог за возбудлив секс, може да послужи и прекривката од креветот, со која ќе го покривате вашето тело, до моментот до кој ќе сметате дека партнерот заслужил да се откриете.

 

Туширајте се заедно

Има многу причини зошто заедничкото туширање е секси. Една од нив е изгледот на вашите тела, можноста да се „измиете“ еден со друг, но и додатната топлина која ја добивате двајцата. Одлучете дали понатамошната акција ќе ја продолжите во кадата или во креветот.

Article-2181632-144F9D37000005DC-626_634x313

Најавете ја „акцијата“

При крајот на работното време, пратете му секси слика од вас, преку некое од средствата за комуникација. Возбудливиот меил или ММС фотка од вашиот задник или деколте, ќе бидат совршена најава за она што ќе следува.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *