Раната пролет ги буди чуствата за повик кон природата. Првиот априлски викенд на многу дестинации ширум светот, каде му се посакува добредојде на сонцето, е време кога семејствата излегуваат во природа и притоа огранизираат ручек, скара и малку одмор под некоја не така дебела сенка со омилената книга. Најчесто изборот за ручек е печено месо на скара… Плескавици, домашен колбас, сочна кременадла, вешалици, ќебапи… Комбинираме со обемни салати и крцкаво потпечено лебче и пијалок.
Иако првата помисла за пијалок во вакви ситуации е ладна кригла пиво, тоа не е случај во април. Генерално пивото служи за испирање на непцето, но не и за уживање. Затоа, доколку на викенд менито имате скара, а месото е веќе обезбедено, не заборавајте да земете шише или две од сортата вранец од Вашата омилена винарија, се разбира со потекло од Македонија.
Уживањето е загарантирано, а екипата на www.vinotika.mk ви посакува долго да го паметите… На здравје…