Улиците на едно гратче на југот од Франција беа поплавени од црвено вино, во вторник вечер.
Гратчето Сет, во близина на Монпеље, во вторник беше поплавено, кога од пет големи бочви беше испуштено црвено вино по улиците.
Течноста влезе во дуќаните, на паркинзите, дури и во неколку куќи, пишува локалниот весник Midi Libre.
Околу 50.000 литри вино, што требало да биде дистрибуирано до фирмата Biron, било истурено по улиците.
Службите за расчистување веднаш излегле на терен и го расчистиле нередот за половина час.
Во среда попладне, радикалната група на производители на вино CRAV (Comité régional d’action viticole), ја презеде одговорноста за инцидентот, јави France 3.
Групата е одговорна за повеќе напади поврзани со вино, а се борат против праксата на полиците на француските продавници и маркети да нема евтино странско вино.
Истурањето вино веќе стигна на насловните страници порано годинава во Франција, кога во април, фармерите истурија цистерна со шпанско вино, во знак на протест против падот на цените на храната во Франција.