Фламенко, вино, страст и романтика – запознајте ја Севиља

Ако Европа престанува таму каде што почнува Андалузија, тогаш Шпанија почнува таму каде што е Севиља. Тоа може да се каже и со следните зборови – Мадрид е премногу класичен, Барселона е отсекогаш космополитска, а андалузискиот главен град е суштината на Шпанија.
Кога за неа се говори се слуша звукот на фламенко, се чувствува мирисот на паелја и се пие слатко вино. Кога се доаѓа во Севиља грижите се оставаат дома и дисциплината се заборава. Тука пропусница е ведриот дух. Се влегува со насмевка. Се дише во ритамот „Да живее животот“. И покрај високата стапка на невработеност, сиромаштија и многу други проблеми, секој нов ден се слави како да е највредниот до сега.

3
Сиестите и фиестите залиени со андалузиско вино им се поважни од продадените крпчиња или свареното кафе, а туристот е човек, кој треба добро да се забавува, а не на него да се заработува. Не случајно Севиља беше оаза на Дон Жуан и Кармен, а тука живеел и познатиот берберин.
Севиља е сместена на јужниот дел од земјата и во неа моментално живеат околу милион луѓе, кои уживаат во медитеранската клима. Затоа што ова е континентален дел, но на околу 150 километри се наоѓа Средозменото Море и Гибралтар, на околу 50 километри Атлантскиот океан, а од водените површини тука е Гвадалкивир со сегашните шест мостови, река заради која Севиља со векови беше главно пристаниште.

5

Ова подрачје било примамливо на Феникијците, Римјаните, Маварите. Им припаѓало и на Евреите. И сето тоа некако се споило, се преточило во разновидност, која на овој град му дава посебност, го прави традиционален и питом, но во исто време модерен и возбудлив.
Многу едноставно е да се движиш низ Севиља, затоа што градот е добро поврзан со автобуски линии, за кои билетот е поевтин, отколу за метро. Убаво е возењето со трамвај, но тој има само една линија која ја поврзува железничката станица Сан Бернардо со Новиот центар. Многу симпатично е да се види како возачот на трамвај зависи од пешакот, затоа што поминува низ пешачка зона покрај катедралата, па тие имаат првенство. Романтичарите избираат прошетки со пајтони, но тоа задоволство чини околу 40 евра и трае еден час.

2
А од каде да се почне?! Ако сакате веднаш да го видите најдоброто, тогаш „префрлете“ се до Шпанскиот центар, затоа што тој е слика која тешко ќе ги надмине другите. Тој е сместен во рамките на импресивниот парк Марија Луиза кој се појави во 1929 година кога Севиља имаше за задача да организира Перинејско – амерканската изложба.

8
Многу туристи својот глас го даваат за Алказар, што е оправдано, затоа што тоа е стара маварска палата во периодот меѓу 12. и 14. век и е градена за да и се восхитуваат. Кога христијаните го освоиле овој крај, не се обиделе да го урнат арапското издание, туку само продолжиле со доградување во нивни стил.

7

Духот на градот идеално се чувствува во Еврејскиот кварт каде шармот на тесните улици и малите продавници, куќички со цветни балкони и симпатични сувенири. Тука првпат е изведена операта „Кармен“, а тука дебитирал и сликарот Муриљо.

4

Кој сака да гледа борба со бикови, мора да смета на тоа дека билетите се распродадени еден месец однапред, па наместо 15 евра, препродавачите ги даваат по 50 и повеќе.

Арената „Маестранца“ е предвидена за 14.000 посетители, а оние кои се разбираат во тоа, тврдат дека тука се одржуваат најдобрите кориди во светот за чии претстави плакатите ги правел познатиот Пикасо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *