Семинар за Законска регулатива за производство на вино во РМ

Во насока на образложување на правата и обврските на производителите на винско грозје и вино согласно законската регулатива, подобрување на квалитетот на виното и другите производи од винско грозје и вино, како и функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар на винско грозје и вино, во петок, 19 август 2016 година, во организација на институтот „Концепт“ ќе се одржи семинар на тема „Законска регулатива за производство на вино во Република Македонија“.
Семинарот е наменет за: лозари – производители на винско грозје, винарски визби и винари (физички лица) производители на вино, трговци со грозје и вино.
Предавачи на семинарот се м-р Јован Карчовски – раководител на сектор за инспекциски надзор од областа на семе, саден материјал, производи за заштита на растенијата, квалитет и безбедност на ѓубиња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, цвеќе, генетски модифицирани организми и вино со лозарство при Државен инспекторат за земјоделство, и
Даниела Кавракова – помлад соработник во одделението за инспекциски надзор од областа на вино со лозарство при Државен инспекторат за земјоделство.

Содржина на семинарот
• Закон за виното и Подзаконски акти
• Одобрение за садење
• Национален регистар на лозови насади
• Пријавување на површините под лозови насади
• Пријавување на количини на набрано грозје
• Пријавување на количини на купено и продадено грозје
• Класификација на сорти грозје за производство на вино
• Суровина за производство на вино, енолошки средства и постапки
• Пријавување на производство на вино
• Ставање вино во промет
• Класификација на вината и декласирање
• Означување на вината – ЕТИКЕТА
• Надзор (МЗШВ И ДИЗ)
• Казнени одредби

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 17 август 2016 година, а цената за еден учесник изнесува 5.000 денари + ДДВ. За секој нареден учесник од иста институција котизацијата изнесува 4.500 денари +ДДВ. Пријавата може да се најде на следниот линк: http://koncept.com.mk/events/85
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
• работен материјал;
• кафе и освежување;
• закуска;
• сертификат за присуство на семинарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *